Ракометарите на Вардар денеска го играат својот прв дуел од Фајнл фор турнирот на Лигата на Шампионите на ЕХФ. Претивник на „црвено-црните“ ќе биде Барселона, која е најголемиот фаворит за освојување на трофејот.
Натпреварот ќе се игра во „Ланксес“ арената во Келн со почеток во 18 часот. Претходно, во другиот полуфинален натпревар ќе се сретнат ВЕспрем и Кјелце, со почеток од 15.15 часот.
Иако важат за благи аутсајдери во дуелот со шпанскиот великан, ракометарите на Вардар со голема самодоверба отпатуваа во Келн. Тоа добро расположение вардарци го покажаа и пред многубројните ракометни фанови во Келн при нивното официјално претставување пред турнирот, со што најавија дека се подготвени сериозно да се борат за повторување на успехот од пред две сезони кога станаа европски шампиони.
Comments are closed for this post.