Израел ќе мора повторно да оди на општи избори откако мандатарот Бенџамин Нетанјаху не успеа во рокот, кој истече вчера, да формира влада.
Во април, Нетанјаху извојува тесна победа и се очекуваше да почне петти термин како премиер, но неговата партија Ликуд освои само 35 од вкупни 120 седишта во Кнесетот, па коалициските преговори испаднаа невозможна мисија.
Кнесетот со 74 гласови „за“ изгласа новите избори да се одржат на 17 септември.
Нетанхјаху се реши на овој чекор не сакајќи на претседателот на државата Ривлин да му дозволи мандатот да му го понуди на друга партија. Тој се надева дека нови избори ќе извојува уверлива победа.
Comments are closed for this post.