Основното јавно обвинителтво Скопје, како и во сите случаи досега, будно ги следи случувањата и објавите во медиумите. Воедно, веднаш презема дејствија за утврдување на фактите во доставениот поднесок. Пријавата е распоредена кај надлежен јавен обвинител. По прибирање на сите материјални и вербални докази, по нивно разгледување и анализа, ќе биде донесена јавно обвинителска одлука за натамошно постапување.
Ова е одговорот на Основното јавно обвинителство за Пресинг Тв во врска со последните настани на Клиниката за гинекологија во кој дојде до директен судир меѓу директорката Викторија Јовановска и економскиот директор Ваљон Беља.
Беља вчера беше разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство Венко Филипче. Но, претходно Беља во Обвинителството достави поднесок за, наводно, незаконското работење на Јовановска при јавните набавки. Според него, таа фаворизирала компанија која вршела лабораториски тестови.
Но, најиндикативен е делот во кој директорката Јовановска објаснува зошто дошло до конфликтот.
Tој од мене бараше на двајцата негови советници, кои се на платен список во Oпштина Чаир, а кај нас на Kлиниката се веќе шест месеци ангажирани со договор на дело, да им ги продолжам договорите, а во спротивно ќе пуштал „бомби“ – вели директорката Јовановска.
За какви „бомби“ станува збор сега ќе проверува Основното јавно обвинителство. Зашто, и тој сегмент влегува во целиот предмет. Обвинителството треба да утврди дали Беља „си земал за слобода“ да ги снима разговорите со директорката Јовановска, па лесно може да се случи „бомбите„ да му „експлодираат“ во рака!?
Comments are closed for this post.