Поради испитите од државната матура, кои завршуваат на 2 јули, веројатно повеќе не е во игра 30 јуни како датум за одржување на предвремените парламентарни избори во Грција, а во медиумите сѐ повеќе се споменува 7 јули како можен термин, јави дописничката на МИА од Атина.
Официјалниот датум ќе биде одреден откако грчкиот премиер Алексис Ципрас, како што и самиот најави, веднаш по одржувањето на вториот круг од локалните избори в недела, ќе побара од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос да распише предвремени парламентарни избори.
Посетата на Ципрас на претседателската палата би можела да се случи дури и в недела вечер. Според грчките медиуми, Ципрас веќе телефонски разговарал со Павлопулос, кој од негова страна му се јавил на лидерот на опозициската Нова демократија. Во однос на тоа која Влада ќе одведе земјата на избори, веројатно е дека нема да биде формирана службена, туку ќе остане актуелната, а според информациите во медиумите, промени ќе има само во Министерството за внатрешни работи и на позицијата владин портпарол.
Comments are closed for this post.