Министерството за здравство, најостро реагира до политичка партија ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес-конференција, на која како што велат од таму се изнесени бројни невистини за цените на детските кардиоваскуларни операции.
Вистината е дека ништо не е променето. Операциите и понатаму остануваат бесплатни на товар на Фондот за здравствено осигурување. Цените за детските кардиохируршки операции не се зголемени. Тврдењата за наводно зголемување од околу 20% по процедура за детска кардиохирургија се целосно неосновани! Цената по процедура е иста во Клиниката Жан Митрев, како што беше и на детската кардиохирургија. Потенцираме, операциите и понатаму остануваат бесплатни на товар на ФЗО“, стои во реакцијата од Министерството.
Comments are closed for this post.