Француската полиција уапси двајца мажи за кого се сомнева дека се виновни за бомбашкиот напад во Лион минатата недела, при што беа повредени 13 лица. Еден од упсените, 24 годишен, е осомничен дека е директниот извршител кој поставил пакет бомба во која биле спакувани завртики и шајки.
Објавата за апсењето на твитер ја соопшти министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастене, но од друга страна не се соопштуваат повеќе детали, ниту за осомничениот или локацијата на апењето.
Анти-терористичките обвинители ја водат истрагата, координирајќи се со полицијата во Лион и со службата за внатрешна безбедност на Франција. Според „Монд”, истрагата за експлозијата ја водат антитерористичките единици од Париз бидејќи случајот се води како терористички напад.
Засега ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за нападот.
Comments are closed for this post.