Во најинтересниот натпревар од последното коло на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Шкупи попладнево го победи Работнички и го освои четвртото место. На тој начин фудбалерите од Чаир обезбедија учество во квалификациите за Лига Европа.
Резултати на натпреварите од 36.коло во ПМФЛ:
Академија Пандев – Вардар 1:1
Победа – Македонија ЃП 1:3
Работнички – Шкупи 1:2
Ренова – Шкендија 3:2
Силекс – Беласица 2:1.
Старо-нов шампион е Шкендија која ќе играа во квалификациите од Лигата на шампионите, Вардар, Академија Пандев, и Шкупи според пласманот ќе играат квалификации за Лига Европа, но вардарци не добија лиценца од ФФМ, па нивното учество на меѓународна сцена е неизвесно.
Силекс ќе игра бараж за опстанок, а лигата ја напуштаат Беласица и Победа.
Конечна табела: Шкендија 79 бода, Вардар 64, Академија Пандев 58, Шкупи 48, Ренова 47, Македонија ЃП 47, Работнички 46, Силекс 24, Беласица 38, Победа 23
Comments are closed for this post.