Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос откако утрово го оствари неговото право на глас рече дека е потребно, на изборите, Грците да покажат колку се свесни Европејци.
– Во период кога силите на популизмот или расизмот го напаѓаат директно и отворено европското семејство и се трудат да го срушат, во период во кој други народи, без да претрпат жртви, го напуштаат, за жал, бродот на Европа, докажувајќи дека со него патувале поради можностите, време е ние, Грците, со нашиот глас, да покажеме колку свесни Европејци сме. Дека сме решени, соодветно, да придонесеме во обединувањето на Европа, за Европската унија да ја игра улогата што ѝ соодветна за неа, не само за нејзините народи, туку и да одигра стабилизирачка и креативна улога, корисна за целото човештво, рече Павлопулос
Comments are closed for this post.