Лидерот на „Независни Грци“ Панос Каменос упати порака до гласачите по денешното гласање.

Денеска е празник за демократијата. Посакувам да бидат избрани најспособните, највредните и воглавно, најчесните. И да запамети грчкиот народ, граѓаните кои денес ќе гласаат, ќе треба, особено за Европскиот Парламент, да изберат луѓе кои сакаат да ѝ служат на Грција, а не Грција да им служи нив, рече Каменос