Традиционално како и секогаш кога има избори во Грција, ден претходно, лидерите на политичките партии, саботното претпладне го поминуваат во опуштена атмосфера со грчките новинари, далеку од политиката.
Ципрас денеска избра грчките новинари да ги почести узо во таверна со морска храна, Мицотакис во бар ресторан, слична беше идејата и на Генимата, а Каменос на претставниците на седмата сила им подготви коктели и шотови, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер новинарите ги собра во таверна со морска храна во приморска населба во близина на пристаништето Пиреас. Веднаш по пристигнувањето, Ципрас им рече дека се заиграл со неговиот помал син, не забележал дека поминало времето и побрзал да стигне за да не ги извиси.
Мицотакис, пак, одбра средбата со претставниците на печатот, кои ги следат активностите на Нова демократија, да биде во бар ресторан во центарот на Атина. Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција на новинарите им порачал дека „в недела вечер ќе има еден победник и еден поразен”, а на прашањето како поминал предизборниот период одговорил дека „штом не му се фатил гласот од толку говори и турнеи, тогаш се е во ред”.
На ручек ги однесе новинарите и лидерката на Движењето на промена, Фофи Генимата.
Поранешниот коалиционен партнер во грчката Влада и лидер на Независни Грци, Панос Каменос реши претставниците на печатот да ги почести со коктели, а во еден момент тој ја презеде улогата на барман – им подготви шотови. На средбата на Каменос со новинарите присутно беше и кучето „Танасис”, кое е протагонист во предизборните спотови на партијата
Comments are closed for this post.