Кина претстави нов прототип на воз кој ќе се движи користејќи ја технологијата на магнетна левитација (маглев). Се очекува да постигне брзина од 600 километри на час. Промоцијата се одржа во градот Ченгду, а проектот го развива кинеската државна компанија „Чајна рејлвеј ролинг сток корпорејшн“.
Од таму очекуваат првиот модел со еден вагон да го напушти производниот погон следната година и да изврши пробно возење од пет километри.
Comments are closed for this post.