Во март годинава во земјава вкупно се потрошени 694.462 мегават часови електрична енергија, 11,81 милиони нормални кубни метри природен гас, 585.641 тон јаглен и 81.634 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 67,7  отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 96,1 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.