По барањето од ДУИ упатено до претседателот Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за поставувањето на Ерол Муслиу на директорската функција во Агенцијата за разузнавање, со реакција се јави потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.
Бујар вознемирен а Артан вчера кажа дека биле координирани со претседателот Пендаровски…. ццц
ДУИ мисли дека само полтрони може да се поставуваат на функции…
Не бе луѓе треба да сфатите дека има луѓе со кредибилитет и професионалци кој некој знае да ги цени. Секоја чест и честитки за тимот претседателе Стево Пендаровски!!!“, напиша пратеникот на својот профил на „Фејсбук“.
Вицепремиерот Бујар Османи претходно рече дека од таму се вознемирени по назначување на Муслиу од страна на Пендаровски.
Comments are closed for this post.