Павле Богоевски си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието. На стартот на денешната седница откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа комисиската расправа на која единствена точка беше одземање на мандатот на Никола Груевски, да се дополни со точката „Повреда на кодексот за етичко однесување од страна на пратеникот Павле Богоевски“, тој ја соопшти одлуката.
Претседателот на Комисијата за мандоатно и деловничко имунитетни прашања излезе на говорницата и рече дека гласот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде неговиот последен глас“
Оваа одлука ја донесов кога се пријавував во полиција. Не би сакал мојата пратеничка функција да влијае на правосудните органи кои ќе го истражуваат овој случај.Ова го правам од морални причини“ , рече Богоевски.
Оставката доаѓа по скандалот со аудио-снимка која ја објави извесен Илија Громовник на руска социјална мрежа со тврдење дека пратеникот нарачувал дрога, но Богоевски на Фејсбук обjави дека нарачувал масло од канабис за болен член на неговото семејство и дека разговорот го снимил таксист.
Comments are closed for this post.