Претседателот на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, Емил Димитриев нагласи дека не треба да се прави фама за оние лица кои не добиле безбедносен сертификат. Според него, тоа не значи дека не можат да имаат ангажан во други институции.
Димитриев потстетува дека и денеска во Република Македонија постојат луѓе на функции кои н поседуваат безбедносни сертификати и оти нелогично е безбедносниот сертификат да се издигне на ниво кое ќе биде пречка да се работи во државна управа.
Ако безбедносниот сертификат е правило за работа во државна управа нека важи за сите, не вака селективно бидејќи тие луѓе можат да работат на функции каде не се бара безбедносен сертификат, каде што нема допир со класифицирани информации, и тоа не е проблем-објаснува поранешниот премиер.
Comments are closed for this post.