Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот совет на 2 и 3 јуни ќе ја посети Македонија.
Столтенберг и членовите на Советот за време на дводневниот престој во земјава ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.
Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки. По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.
Северноатлантскиот совет е главно политичко тело кое ги носи одлуките во НАТО. Советот ги надгледуваа политичките и воените процеси во врска со безбедносните прашања што влијаат на целата Алијанса. Го сочинуваат претставници на сите земји членки, а претседавач е генералниот секретар.
Comments are closed for this post.