Иран го зголеми четирипати збогатувањето ураниум, информира денеска официјален претставник на нуклеарната централа Натанз, недела дена откако Техеран официјално престана да се придржува на дел од обврските од нуклеарниот договор од 2015 година.
Според тој договор, на Техеран му се дозволува производството на ниско збогатен ураниум, со ограничување од 300 килограми и му е дозволено вишокот да го испраќа надвор од државата заради складирање или продажба.
Техеран оваа недела најави дека ограничувањето веќе не вреди, бидејќи се откажал од некои обврски како одговор на едностраното повлекување на САД од тој договор.
Не е познато колку иранската резерва на ураниум ја надминала границата од 300 килограми.
Според договорот, на таа блискоисточна држава и се дозволуваше збогатување на ниво од 3,67 отсто, што е далеку под 90 отсто потребни за производство на нуклеарно оружје.
Иран и пред договорот со светските сили достигна ниво од само 20 проценти.
Американско-иранските односи се на најниско ниво откако претседателот на САД, Доналд Трамп пред една година одлучи да се повлече од договорот потпишан во 2015 година за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите против Техеран, а од ноември 2018 година повторно воведе економски санкции кон Иран
Comments are closed for this post.