Неодамна војвотката на Кембриџ се зафати со нова благородна кауза за која требаше да користи градинарски вештини и да се покаже себеси во поинаква светлина.

Кејт Мидлтон  го подготви дизајнот на Градината “Назад кон природата” заедно со Кралското градинарско општество и најпрестижните архитекти Андре Дави и Адам Вајт.

Целта е да се поттикнат повеќе деца да трошат време надвор. По тој повод од Кенсингтон споделија   неколку нови фотографии на војвотката, на кои таа работи во градината.

Најмногу шармантна е онаа сликата на која Кејт Мидлтон се смешка безгрижно од замав во градината.

Ангажирањето на војвотката е дел од нејзината работа за развој на детето и поддршка за најдобриот можен живот за децата. Градината ќе биде отворена за време на традиционалната изложба на цвеќе во Челзи, која ќе се одржи помеѓу вторник и петок следната недела.