Намален е бројот на склучени, но и на разведен бракови, покажува статистиката. Минатата година се склучени 13.494 брака или 2,1 отсто помалку од 2017-та, а бројот на разводи достигнал 1.620 што е намалување од 18,8 проценти.
Според Државниот завод за статистика, најмногу бракови, 1.665 или 12,3 отсто се склучени во август, а најмалку, 738 или 5,5 отсто во март. Најчесто е стапувањето во прв брак со 93 проценти учество на жените и 91,8 отсто на мажите. Во втор брак со учество од 7,7 отсто и во трет брак со учество од 0,5 проценти од вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.
Во 2018 година, најголем број бракови, 4 446, се склучени кај жените на возраст од 25 до 29 години или 32,9 отсто. Според возраста, и кај мажите најголем број бракови, 4.999 или 37 проценти се склучени во истата старосната група од 25 до 29 години.
Просечната возраст при склучување прв брак е 26,9 години за невестата и 29,6 години за младоженецот.
Минатат година најмалку бракови, 63 или 3,9 отсто, се разведени во август, а најмногу, 172 или 10,6 проценти во декември. Според траењето на бракот, најголем број разводи, 322, се случиле од пет до девет години по склучување на бракот.
Comments are closed for this post.