Шефицата на канцеларијата на Европската унија во Косово, Наталиа Апостолова побара од косовските институции да ги отсранат од своите редови официјалните лица кои се обвинети за корупција, јави дописникот на МИА од Приштина.
Апостолова на денешната Меѓународна конференција за борба против корупцијата што се одржа во Приштина ги повика косовските власти да усвојат повеќе антикорупциски закони, меѓу кои и оној кој предвидува отстранување од државните институции на лицата кои се соочуваат со обвиненија за корупција.
Битно е да се има закони со високи стандарди и да се вршат внатрешни контроли. Борбата против корупцијата е клучен приоритет за ЕУ во регионот, изјави Апостолова.
Таа порача дека борбата против корупцијата и мерките за нејзино спречување директно влијаат на прашањето за визна либерализација за граѓаните на Косово.
Comments are closed for this post.