Во Каиро денеска е предаден во употреба најширокиот мост во светот. Мегапроктот е со широчина од 67 метри и има 12 ленти, со што влегува во Гинисовата книга на рекорди. Инвестицијата е со вредност од 9,94 милијарди долари. Мостот ги поврзува источниот и западниот дел на Каиро и минува над реката Нил.

Се очекува новиот инфраструктурен објект значително да го скрати времето за преминување од едниот во другиот дел на египетската престолнина, но и да го подобри економскиот развој.

За изградба на мостот се употребени еден милион кубни метри бетон и 140 километри челични кабли. Неговата должина е 16,7 километри, а во изградбата учествувале 4.000 работници.