Сенатот на Алабама, САД, синоќа го усвои законот со кој се забранува абортусот за речиси сите случаи – единствено се дозволува само ако е загрозен животот на жената, односно за да се заштити здравјето на мајката.

Законот е усвоен и тој сега чека на потпис од гувернерката Кеј Ијви, која не се изјаснила дали ќе го потпише. Доколку тоа го направи, законот ќе стапи во сила по шест месеци.

Според законот, кој е усвоен со 25 гласови „за“ наспроти пет против, забранува абортус во која било фаза од бременоста, па дури и во случаи на силување.

Актерката и активистка Алиса Милано повика на „сексуален штрајк“ под хаштагот

#SexStrike.