Комбе се заби во авионот на германската канцеларка, Ангела Меркел, на аеродромот во Дортмунд, објавуваат германските медиуми.
Како што пишува„Билд“, Меркел пред инцидентот била во комбето и разговарала со жената која била зад воланот, која, најверојатно, од возбуда дека разговара со канцеларката, излегла од возилото и заборавила да ја крене рачната сопирачка.
Комбето „рено“, без возач, удрило во авионот „бомбардер глобал 5000“ на германската влада.
Возилото го оштетило авионот, а во инцидентот нема повредени. Со оглед на тоа дека авионот бил оштетен, Меркел морала да се врати во Берлин со хеликоптер.
Comments are closed for this post.