Мексиканските власти во текот на минатата недела на подрачјето Гвадалахара, пронашле 35 тела, објавија мексичките обвинители.
Обвинителот Герардо Солис изјави дека истражителите на локациите бараат уште жртви, а досега се идентификувани само две од телата.
Државниот обвинител вели работата на една од локациите, на која биле пронајдени 7 тела, се одвивала бавно поради киселини и жив креч со кои телата биле уништувани, па затоа ги спречувале инспекторите да работат повеќе од 20 до 30 минути.
Во моментов во Мексико, 40.000 лица се водат за исчезнати. Минатата година во таа земја имало 33.000 убиства, главно поврзани со организиран криминал.
Comments are closed for this post.