Траектот „Аурелија“ на кипарската компанија „Снав“, кој плови на редовната линија Анкона-Сплит, рано утринава остана неподвижен во хрватските води, откако му откажа еден од моторите.
Се работи за патнички брод, долг 150 метри, што превезувал 250 патници и 92 члена на екипажот, пренесуваат хрватските медиуми.
По дојавата за дефектот кон траекот веднаш биле упатени два реморкера. но поради силниот ветер двата брода морале да се вратат во пристаништето во Шибеник.
Според последните информации, засега нема повредени, а се очекува нов реморкер да се упати кон бродот.
Comments are closed for this post.