Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник, денеска од пред споменикот „Ослободители на Скопје“, го честиташе 9 мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Во своето обраќање тој рече дека сонот е остварен, аманетот на борците од НОБ, на револуционерите, на сите оние кои се жртвуваа себе си за слобода, за сигурна иднина и почитувана држава на сите граѓани.

Од заробена, изолирана и поделена држава, денес нашата татковина е рамноправен дел од развиениот демократски свет, едно општество за сите. Слободна Република Северна Македонија го живее остварувањето на врвните национални и држвни интереси поставени уште од првиот ден на независноста“, изјави Костадиновски.

Тој додава дека земјата добила свое место во најсилниот безбедносен сојуз- НАТО Алијансата, а со тоа обезбедена е сигурна и стабилна иднина на државата и сите нејзини граѓани.

Пред нас е одговорноста да обезбедиме полноправно членство во Европската Унија. Да си подадеме рака, човек со човек, да се обидиниме околу напредокот и членството во ЕУ“, рече пратеникот.

Костадиновски побара сите општествени и политички чинители да дадат максимален придонес, за позитивна препорака и позитивна одлука од Советот на ЕУ, а тоа е во јуни да добиеме одлука за датум за почеток на преговори.

ЕУ и НАТО значат мир, сигурност, безбедност, но и силна економија, повеќе пари, повисоки плати, подобар живот за сите“, вели Костадиновски во честитката за 9 мај, Денот на подебата над фашизмот и Денот на Европа.