Не запира нелегалната изградба на минарето на Алипашината џамија во Охрид, обвинуваат од Здружението „Совест”.
Оттаму велат премиерот вети стопирање на изградбата, а решавање на проблемот после претседателските избори, но како и за време на кампањата така и сега после избори минарето „расте“. Секојдневно се издигнува се повисоко.
И сега што правиме? Си поминаа изборите и ќе си тераaт по старо… Еве денес 08.05.2019 се спрема нов спрат нa минарето на дивоградбата Aлипашина џамија. Правда нешто…закон нешто…жолт картон нешто…пораката е разбрана нешто? Почитувани 5 мај помина, Охрид нема време да чека!! Довербата повторно ви ја дадовме, жолтиот картон го испорачавме, не дозволувајте да не изиграте зошто следно е црвен!!, напишаа од „Совест“.
Comments are closed for this post.