Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја е именуван за вршител на должност градоначалник на Истанбул, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција, јави агенцијата Анадолија.
Во соопштението се нагласува дека Врховната изборна комисија на Турција вчера донесе одлука за поништување и повторно одржување на локалните избори во Истанбул. Во врска со тоа, додека не биде избран нов градоначалник на Истанбул, за вршител на должноста на таа позиција е именуван гувернерот на градот, Али Јерликаја.
Со седум гласа „за“ и четири „против“, членовите на Комисијата вчера ги прифатија приговорите на владејачката Партија за правда и развој (АКП) за резултатите од локалните избори во Истанбул, и објави дека повторните избори во Истанбул ќе се одржат на 23 јуни.
Comments are closed for this post.