Американската глумица Памела Андерсон го посети Џулијан Асанж во британскиот затвор Белмарш. По посетата таа соопшти дека основачот на Викиликс нема фер третман и дека не заслужува да биде во затвор од највисок степен на обезбедување.
Асанж служи затворска казна од 50 недели во затворот Белмарш на југоистокот од Лондон.
Овој затвор го споредуваат со оној во Куба, во кој американските власти ги затворале најопасните исламисти, најмногу заради тоа што во британскиот „Гвантанамо“ сместени се исклучително опасни затвореници.
Одлично е што го видов, но ова е злоупотреба на законот. Апсолутно е шокантно што не може да излезе од својата ќелија“, рече таа.
Асанж е во затвор поради кршење на правото на условна слобода, а САД бараат негово испорачување поради наводно хакирање на компјутерите на Пентагон.
Comments are closed for this post.