Расправата, според одлуката донесена на состанокот на претседателите на Парламентот, предвидено е да почне утре попладне, да трае три дена, а гласањето доверба да се одржи во петок на полноќ.
Мицотакис објаснувајќи ги причините за доставената иницијатива за гласање недоверба на алтернативниот министер за здравство наведе дека тоа е поради „политичко однесување на Павлос Полакис, со што е премината секоја демократска граница“.
Слушајќи Ве, господине Мицотакис, целосно сум убеден дека вашиот проблем не е Полакис, туку Ципрас и влијанието што го има врз луѓето и Европа. Вашиот проблем е СИРИЗА за која Вие мислевте дека е несреќа, а се покажува дека беше резултат на потребата на општеството, која останува и се зајакнува. Вашиот проблем е тоа што оваа Влада создаде можности за да почне да ги решава проблемите на народот, наведе вицепремиерот и министер за економија, Јанис Драгасакис во неговиот одговор до лидерот на Нова демократија.
Comments are closed for this post.