Во говорот пред Папата Франциск, претседателот Ѓорге Иванов му посака добредојде во Република Македонија и му се заблагодари што ја посетил нашата земја.
За Иванов, посетата на Папата е полна со симболика и ќе донесе заложби за мир единство и еднаквост во македонското општество, коешто е длабоко поделено.
Мојот мандат го завршувам така што ве пречекувам како претседател на Република Македонија. Би можел да се осврнам на мисијата на Свети Апостол Павле во Македонија што го отвори патот на христијанството во Европа или пак за мисијата на Свети Кирил и Методиј и Свети Климент и Наум Охридски, кои придонесоа за културното и духовно издигнување на словенските народи – рече Иванов.
Comments are closed for this post.