И Извршниот одбор на СДСМ , вечерва ги одредува следните чекори во постреферендумскиот период.

На состанокот присуствува целото раководство предводено од премиерот и лидер на партијата Зоран Заев, министрите Радмила Шекеринска, Драган Тевдовски, Горан Сугарески, Љупчо Николоски, градоначалниците на Скопје и на Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев, министерот за дијаспора Едмонд Адеми и пратеници и други членови на Извршниот одбор.

Пред почетокот на состанокот ниту еден од членовите на Извршниот одбор на СДСМ не сакаше да даде изјава за медиумите,

Претседателот на партијата Зоран Заев само најави дека допрва ќе се развие дискусија.

 

Заседава и Извршниот одбор на СДСМ, пристигна претседателот на партијата Зоран Заев

Posted by Pressing TV on Wednesday, 3 October 2018

Досега немало никакви средби меѓу претставници од двете партии, а нема информации дека контакти се остварени и со одделни пратеници од опозициската коалиција.