Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино е задоволен од изданието на неговиот тим и покрај поразот од Борнмут со 1:0, со оглед на тоа што неговите избраници бројно н ебеа рамноправни на теренот.
– Не размислувам премногу за овој меч. Што можам да кажам? Треба само да се подготвиме за следниот натпревар. Одигравме добро во првите 40 минути добро, создадовме шанси, но не постигнавме гол. Фудбалот може да биде суров, а противникот реализира во последната минута и го докажа тоа. Ние треба да продолжиме понатаму, изјави Покетино.
Тој не сакаше да го коментира судењето.
– Ја почитувам одлуката на судијата. Ние не сме среќни поради двата црвени картона. Нема што друго да се каже. Добро се боревме и со девет играчи, рече Покетино.
Предводникот на Тотенхем, смета дека овој пораз нема да влијае врз подготовките за реваншот во ЛШ со Ајакс.
Comments are closed for this post.