Новоизбраниот претседател на Украина, Володимир Зеленски денеска разговараше со претседателот на Врховната рада, Андриј Парубиј, за датумот за претседателската инаугурација.
– Зеленски и Парабуј разговарале за работата на Парламентот и претстојната инаугурација, пишува украинскиот весник „Деловаја”.
Весникот наведува дека Парабуј по состанокот испратил писмо до лидерите на пратеничките групи во кое ги повикува на состанок за усогласување на датумот за инаугурација на новиот претседател.
Comments are closed for this post.