Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе денеска ја дозна казната за црвениот картон кој го доби во натпреварот против Рен во финалето од Купот на Франција. Мбапе е суспендиран на следните три натпревари.
Тоа значи дека речиси сигурно „Златната копачка“ и оваа година ќе ја освои ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.
Аргентинецот до овој момент има 34 гола во Примера, додека Мбапе е со четири гола помалку. До крајот 20-годишниот напаѓач ќе има шанса да одигра само уште еден меч во Лига 1.
Од друга страна на Меси му преостануваат уште четири меча во Примера и можност да ја зголеми разликата.
Ова за Аргентинецот ќе биде трета ваква награда по ред и вкупно 6-та во кариерата, што претставува рекорд.
Comments are closed for this post.