Тренерот на Порто, Серхио Консеисао, ја прокоментира ситуацијата на Икер Касиљас кој во средата, на први мај, доби срцев удар.

Во последниве денови има шпекулации дека 37-годишниот Икер повеќе нема да може да игра фудбал, откако ќе има вградено стент во неговото срце.

„Мислам дека заздравувањето на Икер оди добро. Загрижени сме, но за среќа Касиљас е добро. Тимот е зад него. Фудбалот е дел од животот, но животот е најважното нешто. Не ни требаат такви ситуации, за да бидиме сплотени. За жал овие работи се дел од животот, а Икер може да смета на сите луѓе во овој клуб, изјави тренерот на „змејовите”.