Без никакви проблеми доставени се сите изборни материјали до сите изборни комисии и Државната изборна комисија е подготвена за вториот круг од претседателските избори, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Утре ќе гласаат 1.640 затвореници, како и околу 4.540 лица пријавени како болни и немоќни и седум раселени лица, утре ќе може да го остварат своето право на глас, изјави Дерковски.
Вкупно акредитирани лица за вториот круг на претседателските избори се 4.250 лица, информира на денешната јавна седница претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.
ДИК на денешната 37. јавна седница ги прифати сите барања за акредитации за домашни и странски медиуми и набљудување на претседателските избори од домашни и странски организации.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, изјави дека акредитирале 3.381 лице за домашни набљудувачи и околу 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари.
ДИК, на денешната седница одлучуваше и по неколку приговори од граѓани за остварување на право за гласање.
Сите пет приговори се усвоени и ДИК ги задолжува општинските изборни комисии да им овозможат на граѓаните согласно поднесените приговори да гласаат како болни и изнемоштени лица, изјави Дерковски.
Во првиот дел на кампањата од она што го има ДИК како податок потрошени се 48 милиони денари за исплата на медиумите, согласно нивните доставени програми и тие се исплатени.
Во првиот дел одобрени ни се 100 милони денари. Потрошени се околу 48 милиони. Остануваат уште некои техникалии, но не очекувам тоа многу да ги промени крајните бројки. Сите податоци ќе бидат јавно објавени на нашата веб страница и ќе може да видите кои медиуми колку потрошиле, изјави Дерковски.
Comments are closed for this post.