Моќ во партијата нема затоа што и не е член на ВМРО-ДПМНЕ. Минатата година после срамната уставна измена за промена на името на Македонија во Собранието, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ направи анализа и ги исклучи оние, кои гласаа за оваa уставна измена, како и оној, кој им помагаше или поттикнуваше да го направат тоа. Така што тие луѓе се дел од едно неславно минато.
Ова во интервју за МКД го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, одговарајќи на прашањето колкава е се уште моќта на Сашо Мијалков внатре во партијата.
ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам на внатрешно прочистување, кој секогаш кога и е најтешко на партијата го користи, собира сили да оди напред посилно и реформирано. Тоа се случи и минатата година и резултатите од тие потези ги гледаме веќе на овие претседателски избори, а ќе ги видиме и на следните предвремени парламентарни избори. Од друга страна, никогаш не сум го видел СДСМ да направи ваков чекор, никогаш не погледнале кон себе, никогаш не дале став за владеењето на Бранко Црвенковски на пример, па легитимно е да им се постави прашањето кој е нивниот однос кон владеењето на Бранко Црвенковски и сите зла кои ѝ ги нанесе на Македонија, вели Николовски.
Comments are closed for this post.