Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, ги повика „Црвените ѓаволи” да го отстранат Давид Де Хеа од стартниот состав.
Шпанецот е еден од најдобрите голмани во современиот фудбал, но неговите последни месеци не се добри откако направи серија на грешки кои го спречија Јунајтед во Лигата на шампионите и ја искомплицираа нивната борба за топ 4 во Премиер лигата.
– Кога имате втор голман, кој седи на клупата и е класа, тогаш кога станува збор за такви гафови, треба да донесете одлука и да го промените својот број еден. Зошто во овој случај имате втор голман? Кога си во Манчестер Јунајтед, должен си да победуваш, да играш добро, затоа што си добро платен и играш во голем клуб. Вие не сте таму за да правите грешки. Давид де Хеа е најдобриот голман со години, но секој прави грешки, а сега е негов ред. Поради оваа причина, Јунајтед треба да го отстрани од стартниот состав и да го стави Серхио Ромеро до крајот на сезоната, изјави Мојс пред „ТалкСпорт”.
Шпанскиот голман е поврзан со заминување од „Олд Трафорд”, откако неговиот договор истекува во летото 2020 година
Comments are closed for this post.