Раководството на Алијанса за Албанците вечерва одржа состанок на кој бил изразена загриженост дека кампањата во вториот круг немала вистинска понуда за граѓаните. Од оваа партија велат дека тие гласачите не ги сметаат за сопственост и ги повикуваат своите поддржувачи да гласаат според своите убедувања.
„АА го повторува ставот искажан за време на изборната кампања дека нејзините приврзаници не ги сметаат за сопственост и плен во функција на тесните интереси на одделни поединци. Секој глас за нас го зајакнува нашето партнерство со вас за градење, заживување и зајакнување на политичката платформа на АА во функција на уставната и социо-економската еднаквост на Албанците во РСM. Нашата поддршка беше за проф. Блерим Река. Цениме дека ја добивме поддршка на апсолутно мнозинство Албанци во РСМ. Ја користиме оваа прилика да ви се заблагодариме за работата и поддршката што му ја дадвте напрофесорот Река и на концептот на албанската опозиција. Главниот непријател на концептот и стручната подготовка на професорот Река беше предрасудата. Нашиот главен сојузник е нашето право и реформи и нашите поддржувачи како гаранција на овој вистински пат. Вие почитувани граѓани сте нашиот суверен и наш партнер во градењето на достоинствен живот, затоа апелираме да го изразаат својот суверенитет во недела. Ние заеднички во 2017 го деблокиравме патот на интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ, победувајќи го режимот, заедно кажавме ДА, за НАТО и ЕУ на референдумот и уставните промени. Заедно, ќе стојиме за истата патека за нашата иднина иднина, не подредена, но еднаква и достоинствена.
Comments are closed for this post.