Шпанскиот голман, Икер Касилјас, доживеал срцев удар, за време на тренинг со неговата екипа Порто. Голманот бил итно пренесен во болница, каде што извршениот третман се наоѓа во стабилна состојба. Како што јавуваат шпанските и португалските медиуми, Касилјас имал опструкција во десната артерија.
Триесет и седум годишниот Касилјас, почувствувал болка во градите за време на тренингот, поради што се обратил до клупските лекари. По прегледот од нив, тој бил пренесен во болницата „ЦУФ“ во Порто.
Пораки со поддршка од Порто и Реал Мадрид
Веднаш по болничката процедура, Порто објави соопштение на клупската интернет страница во која се објаснува за здравствениот статус на Касилјас и се испраќа смирувачка порака до фановите објаснувајќи дека голманот „се чувствѕува добро и е стабилен“.
Освен од Порто, порака со поддршка за голманот стигна и од Реал Мадрид, клубот каде што Касилјас ја почна и мина најголем дел од кариерата.
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид изразува целосна поддршка за својот сакан капитен, Икер Касилјас. Икер Касилјас во текот на целата своја професионална кариера ни покажуваше дека е способен да ги надминува и најтешките предизвици со што ја надополнуваше славата на нашиот клуб. Ни покажуваше дека за откажувањето нема место во нашата животна философија и дека да се биде најсилен кога е најтешко е патот по кој се чекори клон победата. Реал Мадрид и сите навивачи на клубот посакуваат нашиот вечен капитен да се опорави што побрзо и му ја испраќаме сета поддршка на светот“ – се наведува во соопштението на Реал Мадрид.
Comunicado Oficial: @IkerCasillas #RealMadrid https://t.co/VOdwjw9DpD
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) May 1, 2019
Освен од двата клуба за коишто настапуваше Касилјас во кариерата, поддршка за голманот испратија и од репрезентацијата на Шпанија, од Барселона, голем број негови поранешни соиграчи, шпанскиот тенисер Рафаел Надал …
Comments are closed for this post.