Од СДСМ денеска информираат дека почната е постапка за исклучување од партијата на градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој е осуден за шверц на цигари.
Уште кога се случи тоа партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село. Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна и државотворна политичка партија се водиме од принципите на почитување на правото и на законите“ велат од СДСМ.
Од партијата го повикуваат Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село.
За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија, велат од СДСМ.
Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, беше фатен како шверцува цигари преку македонско – бугарската граница.
Стојчев треба да отслужи од казната уште 3 месеци, која Апелацискиот суд во Штип му ја намали од првостепената од 18 на шест месеци.
Со тоа на градоначалникот Стојчев му се овозможува да го исполни условот што е предвиден со член 54 од Законот за локална самоуправа, каде се вели дека мандатот му престанува ако е осуден на казна затвор над 6 месеци.
Стојчев до крајот на оваа година ќе биде ослободен и ќе може, доколку сам не се повлече, да продолжи да ја води општината.
Comments are closed for this post.