Пред 23 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата.
На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.
Останува непознато кој стоел зад атентатот.
Доколку има нови моменти во истрагата за атентатот тие ќе се споделат со јавноста, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Сласовски.
Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција кон работното место во Собранието на Република Македонија.
Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.
Comments are closed for this post.