Цените на нафтата на меѓународните пазари ја надминаа границата од 73 долари. Цените се зголемија откако лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо ја повика војската да го поддржи симнувањето од власт на претседателот Николас Мадуро.
На лондонскиот пазар, цената на барел нафта се зголеми за 1,12 долари во однос на претходниот ден и изнесува 73, 16 долари, додека на американскиот пазар со барел се тргуваше за по 1,17 долари повисока цена, која изнесува 64,63 долари.
Извозот на нафта од Венецуела е значително ограничен од американските санкции и економската криза.
Истовремено, саудискиот министер за енергетика Калид ал Фалих изјави дека координирано намалување на производството на Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) и групата независни произведувачи, би можело да биде продолжено до крајот на годината. Според актуелниот договор, снабдувањето би требало да се намалува за 1,2 милиони барели дневно до крајот на јуни
Comments are closed for this post.