Европската Унија одблиску ги следи случувањата во Венецуела каде вчера избија немири помеѓу режимот на Николас Мадуро и поддржувачите на опозиционерот Хуан Гуаидо.
ЕУ повикува на смиреност и воздржаност и потсетува дека само политичко, мирно и демократско решение е одговор за излез од бројните кризи во земјата.
-Европската Унија отфрла секаков вид на насилство и повикува на најголема воздржаност за да се избегне губење на живот и ескалација на тензиите, стои во соопштението на Советот на ЕУ за надворешни работи.
Европската Унија порачува дека ќе продолжи да го поддржува венецуелскиот народ и повторува дека треба да се одржат фер и демократски избори согласно уставот на земјата за да се стави крај на конфликтот
Comments are closed for this post.