Капитенот на ракометниот клуб Вардар кој важи за исклучителен борец во редовите на „црвено-црните“ денеска го прославува својот 32 роденден. Стоилов роден е 30 април 1987 година. Настапува за РК Вардар и за Македонската ракометна репрезентација.
Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Келце“ во Скопје, на 11 април 2015 година. Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото, а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.
Comments are closed for this post.