Гордана Сиљановска и Димитар Апасиев денеска признаа дека со години работеле за интересите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, дека се дел од матрицата што работи против ЕУ и НАТО, против државните и национални интереси, велат од СДСМ.
Затоа, кандидатката на Христијан Мицкоски, Сиљановска до ден денес не го осуди груевизмот и неправдите на режимот, ниту пак го осуди криминалот на Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
Остана нејасно само дали Сиљановска е на иста линија со Апасиев и околу Мадуро.
Политичката линија на Апасиев и Сиљановска е линија на одбрана на криминалот, неправдата, изолацијата и поделбите, последната линија на одбрана на погубните политики на Никола Груевски.
Граѓаните нема да дозволат бранители на криминал, насилство и поделби да застанат на чело на државата, нема да дозволат личности како Сиљановска и Апасиев да ја вратат државата во изолација и конфликти.
На 5 мај граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе обединува и ќе води напред кон ЕУ и НАТО, на 5 мај граѓаните масовно ќе гласаат за Стево Пендаровски, идниот претседател на државата.
Comments are closed for this post.