Kандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска се сретна со професорот Димитар Апасиев од Левица.

Доаѓа крајот на политичките глумци на Балканот, особено на Западен Балкан. Тоа е веќе прочитано и јасно. Очигледно е дека оние кои ја креирале кризата на демократијата, не можат да бидат реформатори, нагласи професорката по средбата

Потребен е радикален пресврт, а тоа значи поинаква политика, луѓе кои се спремни да го вложат своето знаење, луѓе без фрустрации и луѓе почитувани.  Крајно време е сите да се изборат за своето право, а не со полнење на кутии, не со семејно гласање. Верувам дека тие кои сум ги учела, ќе знаат за кого да гласаат. Јас знам што е револуција, но како одеднаш сега повторно се појави „Шарена револуција“?. Јас не сум чула пратеници, министри да бидат револуционери. порача Силјановска-Давкова.

По средбата со Сиљановска, професорот Апасиев рече дека сè уште не е дифинирано дали Левица јавно ќе ја поддржи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ или ќе останат на т.н. „антибојкот“ позиција.

Цениме дека ние како партија заземавме антибојкот позиција, оти бојкотот на претседателските избори е бесполезен, за разлика од бојкотот на референдумот кој имаше суштина. Како што кажа Сиљановска, ние сме биле на иста политичка линија уште во времето на Груевски, бевме заедно во професорскот пленум, бевме заедно на таа антипреспански договор кампања. Имаме точки кои нè спојуваат, но и точки кои нè раздвојуваат. Ние немаме дефинитивен став, а до предизборниот молк, се надевам дека ќе кажеме дали отворено ќе ја поддржиме професорката – додаде Апасиев.