Шпанскиот премиер Педро Санчез објави победа на својата партија на предвремените парламентарни избори, пренесува Франс прес. Од балконот на централата на Шпанската социјалистичка работничка партија во Мадрид, Санчез изјави:
Успеавме! Социјалистичката партија победи на изборите и со тоа победи и иднината! А, минатото-ѕагуби. Пред се, сакам да им се заблагодарам на над 7,3 милиони Шпанци, кои гласаа за нас и покажаа дека Социјалистичката партија може да ја води државата во наредните четири години.
Лидерот на шпанските социјалисти вети дека ќе настојува да формира проевропска влада. Единствениот услов ќе биде ѕачувување на уставот и обеѕбедување на социјална праведност.
По пребројувањето на 95% од гласачките ливчиња, резултатите покажаа дека левицата во Шпанија доби значителна предност пред десницата на предвремените парламентарни избори. Социјалистите освоија 123 пратеници со кои, меѓутоа, не ќе можат да добијат апсолутно мнозинство од 176 пратенички мандати во Конгресот, кој брои 350 пратеници. Крајно левата „Унидас подемос“ освои 42 места и доколлку тие две партии се обединат, повторно ќе им недостасуваат 11 мандати за апсолутно мнозинство.
Традиционалниот ривал на социјалистите-десната конзервативна Народна партија, пак, доби 65 мандати, а 57 десноцентристите. Крајната десница во лицето на партијата „Вокс“ доби 24 пратенички мандати во долниот дом на парламентот.
Comments are closed for this post.