Огромно албанско знаме е поставено на Самоиловата тврдина, обкави порталот Охриднет. Во тестот се вели дека веднаш под македонското знаме четворица непознати сторители поставуваат повеќеметарско албанско знаме.
Не е познато кој и зошто поставува национални симболи на туѓа држава на ѕидините на Самоиловата тврдина.
Сличен ваков инцидент имаше во 2013 година кога на ѕидините на Скопското кале група млади албанци се обидоа да го развеат албанското знаме. Тогаш реагираше полицијата. И овој случај е пријавен во СВР Охрид, пишува порталот.
Comments are closed for this post.